/Видео-Изложба/Сликите на Ниче Василев меѓу кавадарчани

Кавадарци
Типографија

Во пресрет на големиот македонски празник “11 Октомври“, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на познатиот македонски ликовен уметник Ниче Василев од Струмицa.

 201810100.jpg

Ниче Василев е роден во Дабиље , Струмичко . Академија за ликовна уметност завршил во Варшава ,1978, во класата на проф.Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 година студирал на Националната Академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980г. Живее и работи во Струмица ,Македонија. 

Реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и странство, меѓу кои во Скопје ,Струмица,Битола,Штип, Гевгелија , Варшава ,Атина,Софија,Анкара,Цирих, Мадрид,Белград и др.
Учествувал на повеќе групни изложби и колонии во Македонија,Бугарија,Србија,Полска,Грција,Франција и Словенија.

За творештвото на Ниче говореше Владимир Темков,за неговите слики осврт на  македонскиот академик Васко Ташковски  прочита Диме Коцевски, а  Петар Наневски кажа неколку афоризми. Ниче Василев се заблагодари за присуството на кавадарчани на изложбата и изрази надеж дека ке им се допаднат неговите слики.

Изложбата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, а е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 10 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
83%     6.4 km/h     33.017 bar
Forecast
Саб Low: 2 °C High: 10 °C
Нед Low: 0 °C High: 5 °C
Пон Low: -1 °C High: 1 °C
Вто Low: 0 °C High: 0 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -4 °C High: 1 °C
Пет Low: -6 °C High: 3 °C
Саб Low: -1 °C High: 2 °C
Нед Low: -3 °C High: 2 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C