(Видео) Гроздоберче 2018

Кавадарци
Типографија

Mеѓународниот детски фестивал „Гроздоберче„  на 16 и 17,  ноември премиерно во Кавадарци во Домот на Културата „Иван Мазов Климе„.Учествуваат 120 деца.Ке бидат изведени 22 песни од 22 изведувачи.

 

Уметничкиот директор Зоран Станоев- Дејзи со соработниците ги привршуваат завршните организациони работи поврзани со новото 22 издание на  Меѓународниот детски фестивал „Гроздоберче 2018“.Годинава ке бидат исполнети, повеќе од просечниот број, 22 песнички , кои ке донесат нова музичка ведрина збогатена со нови изведби и аранжмани.

Сите песнички ке ги прати хор на ОУ„Тоде Хаџи Тефов„ одличната кореографија на наставничката Розалија,балетски изведувачи.Генералната проба е закажана за 16 ноември/Петок/ напладне а вечерта во 19 часот е премиерата.Втората премиера , поради голем интерес ,ке се одржи во сабота на 17-ноември во 19 часот во големата сала на Домот на Културата „Иван Мазов Климе„.Продукцијата она најважната-музичката е на  „Компакт-продукција“ Кавадарци, и на Пепи Ангелов.Од фестивалот ке биде издадено и ДВД издание.

Преку порталот„Иди види„-на Телеком  само детските фестивали„Гроздоберче„ и Златно славејче „ доживуваат  вистинска медиумска  промоција ширум светот.Така ке биде и годинава .Телеком и годинава заедно со останатите пријатели е спонзор на фестивалот. Се разбира овде се постојаните покровители; градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци,и другите пријатели на овој веќе етаблиран и многу популарен фестивал на детски песнички.

Годинава покрај домашните ке има и изведувачи од  други земји.Две композиции ке бидат од Србија  од исполнители на фестивалот„Деца певају хитове„, една песничка е од Рожаје-Црна Гора од фестивалот„ Златна пахуља„ и две песнички се од  НР Бугарија, од кои една песничка  децата од ова земја ја пеат на македонски јазик а една на бугарски јазик.

-„Инаку  идејата  годинава да се направи Европски детски фестивал не се оствари , но в  година истата ке се реализира.Планот е да се направи фестивал со учество на веќе постојните четири земји и  претсавници од : Франција, Литванија ,Унгарија,Романија,Косово,Албанија и други земји.23 издание на Гроздоберче„ ке настојуваме да биде во вистинска смисла интернационално-Европско.„- вели Станоев за РТК.МК кое и годинава е медиумски покровител на детскиот фестивал „Гроздоберче 2018„.

Меѓу посетителите во публиката на генералната проба ке бидат ученици од  училиштето „Свети Наум Охридски„-Скопје и  ученици од Паралелката за деца со посебни потреби од ОУ„Страшо Пинџур„

 

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mixed Rain and Snow, 0 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:4 pm
89%     8.0 km/h     33.153 bar
Forecast
Нед Low: -2 °C High: 5 °C
Пон Low: -1 °C High: 1 °C
Вто Low: 0 °C High: 1 °C
Сре Low: -3 °C High: 3 °C
Чет Low: -5 °C High: 3 °C
Пет Low: -2 °C High: 4 °C
Саб Low: -1 °C High: 6 °C
Нед Low: -2 °C High: 6 °C
Пон Low: -2 °C High: 8 °C
Вто Low: -1 °C High: 10 °C