Последните информации од терен говорат  дека сите патни правци во Општина Кавадарци се проодни

По патиштата  можат да се движат возила.Сепак без поголема потреба се препорачува да не се тргнува на пат.Висината на снегот во  во ридско планинскиот дел на Општина Кавадарци изнесува над еден метар, на места е  1,5 метри .

Сите планински села се проодни, и има можност  да се движат возила, но не се препорачува   во овој дел да се патува со патнички автомобил, бидејќи нон-стоп врне и не е можно цело  време  механизација  да работи на новите наноси од снег. 

Зимската служба  која се грижи ова зима за состојбата на патиштата и обврските кои произлегуваат од интервенциите во зимски услови буквално цело време е на терен и деноноќно го чисти снегот од коловозите, и сите патни правци се погодни за движење, но како што подвлековме бидејќи се работи за обилен снег кој паѓа 24 часа не е  можно патиштата да бидат целосно без снег.

Во летувалиштето Михајлово престојуваат 100-деца , кои се на зимски распуст.Раководителот Љупчо Глигоров не информира дека  состојбата е во ред, патот го чисти механизација, и по него се движат посебни возила за вакви услови. Се препорачува со обичен патнички автомобил да се се користи  делница од региопналниот пат Мужов Гроб -Конопиште до Михајлово.

Во градот и низинскиот дел на Општината висината на новиот снег надминува 4о сантиметри.Сите главни улици се исчистени од раните утрински часови. ЈП Комуналец ги чистеше ;Градскиот плоштад и другите јавни површини, граѓаните исто така самостојно со чистеа снегот пред дуќаните и деловните овјекти.Во помалите улици возила се движат, иако има нагазен снег, но овде целосно чистење ке се случи наредните денови кога сосојбата со главните сообраќајници ке се среди целосно. Кога сме кај Комуналец  да напоменеме  дека на улица “Видое Смилевски„ денеска се санира дефект.Жителите  на ова неколку околни улици кои се снабдуваат со вода и овде ке добијат нормално водоснабдување денеска по 15 часот.Има пријави да тековно за врзната канализација или цефки за вода, кои се решаваат речиси веднаш.

Деновиве и температурите се многу ниски. Навечер  особено тие паѓаат и  до - 14 степени.Дознавама дека замрзна водата  езерото Градиот кај -Моклиште.

0055.jpg

(фото- езеро Градот - Диме Барамачев)

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА