(Видео) Пожарите како предизвик за наша подобра организираност и координација

Кавадарци
Типографија

Денеска беше одржана советодавна група  на граѓани на тема „Да ги заштитиме шумите од пожар„

Се расправаше по однос на бројот на пожарите за првите месеци од 2019 и споредбено со  бројот од минатата година.Податоците кои беа изнесени се  фрапантни. Лани  за цела година имало 273 пожари а годинава само за 2,5 месецу  133.Или за јануари 2 на отворен простор и 35 на објекти, февруари: 22 на отворен оростор  28 на објекти и   за 10 дена од март 24 на отворен простор и 9 на објекти.

Во таа смисла целата дискусија на повиканите субјекти и правни лица беше во правец на лревенирање и ефикасно дејствување на сте служби.Во тој правец градоначалникот Митко Јанчев прецизира дека е потребна максимална координација и сосравботка на сите субјекти, однапред познавање на состојбите и материјалните средства со кои се располага не само од специјализираните служби туку и од компаниите кои по закон имаат интерна организација за ваква интервенција.Не смее да затаи ниеден субјект кога е во прашање пожар и притоа да се има координација и покривање  на пожарникарите со Полиција и Брза помош.Со свои предлози се вклучија; командирот на ПС од ОН Кавадарци Сашко Димовски, раководителот на  Службата за заштита од пожар на ШС „Бор„ Петко Ристовски,преставници за ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, инспектори, преставници на големи компании и други  субјекти.

Организатор на состанокот беше  Одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци .

20190312_144210.jpg