Вчера во Галеријата на Домот на културата “Иван мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена заедничка изложба на Драган Најденовски (слики) од Битола и Никола Смилков (скулптури) од Штип.

Се работи за етаблирани ликовни уметници  секој со соодветен квалитет во својата струка. Најденовски-кој е сликар од зрелата генерација ликовни уметници-сликари чии дела исполнуваат со својата убавина и колоритност.Си околу 25 дела тој се престави во Кавадарци.

Смилков пак, како скулптор е добитник на значајни награди на конкурси каде уметниучката  моќ му дошла до израз.Минијатурите со кои се претставни синоќа беа само дел од неговото богато творештво.

За двајцата гости-уменици, во Кавадарци говореа ликовниот уметник Владимир Темков и директорот на Домот на Културата Александар Малинков, а за творештвото на уметниците говореше директорката на Музејот на град Неготино Драгица Чекорова.Таа веќе  беше домаќин на изложба од заеднички карактер на двајцата македонски уметници.

20190319_191846.jpg

 

 

20190319_192613.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА