ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР 2015

Кавадарци
Типографија

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ТИКВЕШКИОТ  ГРОЗДОБЕР 2015

„Црвена Јабука“, „Суперхикс“  се последните измени во програмата за Тиквешкиот гроздобер кој годинава ќе се оддржи од 28 до 30 август.

Според последниот извештај, грозодберската програма ќе започне во петок, 28 август со отворање на изложбата „Скулптурата во Кавадарци“ чии автори се уметници од Кавадарци. Потоа ќе следува дегустација на вина од тиквешки винарии и презентација и дегустација на повеќе сорти на грозје, а петочната програма продолжува со кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“. Забавата на градскиот плоштад ќе започне со убавата песна на легендарниот Никола Бадев во чија чест ќе биде посветена „вечерта на виното и песната“, по што ќе следи настап на Христијан Тодоровски   и Ареа  а на полноќ во хотелот „Уни Палас 2“ ќе се избираат вински крал и кралица.

tg06-06.jpg

Во сабота гроздоберската програма започнува со изложба на олдтајмери и турнир во табла. По изложбата на фотографии „Замоци, Дворци и спомениците на УНЕСКО“ во Република Чешка ќе започнат централните активности од годинашниот гроздобер,:Винскиот карневал и концертите на „Црвена Јабука“ и „Оливер Драгоевиќ“.

Првиот дел од програмата во недела на 30 август е наменета за најмладите. На градскиот плоштад ќе има улични забавувачи, детска музичка програма, а на пладне ќе започне детскиот карневал. Попладне ќе се избираат најдобри вина, а од 21 часот е планиран настапот на Наташа Малинкова, Суперхикс и U2 трибјут бенд.

М.Д. & Д.У.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 4 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:22 am   |   Sunset: 4:11 pm
74%     4.8 km/h     33.390 bar
Forecast
Пет Low: 1 °C High: 12 °C
Саб Low: 1 °C High: 10 °C
Нед Low: 0 °C High: 6 °C
Пон Low: 1 °C High: 7 °C
Вто Low: 1 °C High: 10 °C
Сре Low: 0 °C High: 12 °C
Чет Low: 1 °C High: 11 °C
Пет Low: 1 °C High: 12 °C
Саб Low: 0 °C High: 13 °C
Нед Low: 3 °C High: 11 °C