ЛЕТЕН КАМП НА ,,КРЕАКТИВ“-КАВАДАРЦИ ВО ДЕМИР КАПИЈА

Кавадарци
Типографија

 КАМПОТ НА ,,КРЕАКТИВ,, ИМА ЦЕЛ ПОЗИТИВНО ДА ВЛИЈАЕ НА ИНДИВИДУАЛНИОТ РАЗВОЈ 

Изминатиов викенд (21-ви-23-ти август 2015) во близина на Маркова чешма, Демир Капија, Младински центар КРЕАКТИВ Кавадари успешно го реализираше  5-тиот по ред традиционален летен камп. Младите учесници од Македонија, Словенија и Словачка учеа како да се справат во природа со основните услови за живот. Спиеја во шатори, готвеа храна на оган, градеа колиба од природни материјали и учеа за значењето на природата и за здравиот начин на живот.

Идејата е да се влијае позитивно на индивидуалниот и професионалниот развој на младите преку неформална едукација.

Благодарение на меѓународниот волонтерски тим и локалниот бизнис сектор, кампот успешно опстојува како традиционален. Годинава  генерален спонзор на Летниот камп беше претпријатието ,,Жито југ,, од Кавадарци. Дополнителна поддршка доби и од повеќе локални волонтери кои првите неколку години беа само учесници на кампот, а денес се дел од волонтерскиот тим на КРЕАКТИВ.

11899918_949836228395967_3247864045684826887_n.jpg

Темите коишто се обработуваат од година на година се менуваат и адаптираат на групата учесници. Изминатите кампови беа посветени на креирање лидерски вештини, интеркултурен дијалог, социјална интеграција и здрав живот, а активностите се реализираа во одмаралиштето Михајлово како и во околните манастирски комплекси.

„КРЕАКТИВ летниот камп“, овој пат го одржува по петти пат, откако во 2011 година за прв пат беше организиран од страна на интернационалниот волонтерски тим на МЦ КРЕАКТИВ. На изминатите 4 кампови имаат учествувано 80 - тина млади од Кавадарци и регионот. Годинава пак, авантурата ја доживеаја 12-мина млади од Македонија и од други земји.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 4 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:22 am   |   Sunset: 4:11 pm
74%     4.8 km/h     33.390 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 12 °C
Саб Low: 1 °C High: 10 °C
Нед Low: 0 °C High: 6 °C
Пон Low: 1 °C High: 7 °C
Вто Low: 1 °C High: 10 °C
Сре Low: 0 °C High: 12 °C
Чет Low: 1 °C High: 11 °C
Пет Low: 1 °C High: 12 °C
Саб Low: 0 °C High: 13 °C
Нед Low: 3 °C High: 11 °C