„Тиквеш“ со новите вина има  потенцијал да освои многу нови медали и високи оценки на реномирани светски вински натпревари.

Во Кавадарци денеска ВВ„Тиквеш„ го одржа 8-то издание на Фестивалот на младо вино.Бербата за „Тиквеш“ е добра без разлика на лошата година за приносите и квалитетотр на лозјата ова година во Тиквешијата. Понудените нови млади вина од ова реколта, од кои едно е за прв пат промовирано- а е од белите сорти, зборуваат дека  и во ваква година можат да се произведат добри вина.Големиот број поканети гости денеска имаа можност да пробаат  повеке сорти вино со етикетата на „Тиквеш„ бренд од светско значење.Покрај деловните партнери на Тиквеш, членови  на „М-6„ , забележавме повеке претставнци на дипломатскиот кор во земјава,познати јавни личности од земјата и од државите од регионот,меѓу присутните беше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.На присутните им се обрати претседателот на „М-6„ Свето Јаневски.

Новиот директор на „Тиквеш“ Радош Вукиќевиќ за производството на вино годинава вели „За да се произведат вина со висок квалитет во годината која според проценките на експертите и светските статистики беше далеку најлошата година за лозарството во Европа и пошироко во изминатите 55 години, претставува успех за почит. Тоа нѐ прави исклучително горди и задоволни и докажува дека креирањето вина со висок квалитет и вредност во „Тиквеш“ не е случајност, туку е резултат на континуирани и обемни инвестиции во најсовремена технологија и иновации. Истовремено, ова е заслуга на нашите стручни луѓе, аргономи и енолози и на нивниот ангажман и вложеното големо знаење во сите сегменти од производството, почнувајќи од лозјата, преку бербата, па сѐ до производството и чувањето на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Оценките на директорот се слични со оние на енолозите кои  дека „Тиквеш“ со новите вина има  потенцијал да освојат многу нови медали и високи оценки на реномирани светски вински натпревари.

Фестивалот на младо вино, на Тиквеш успешно ја остварува улогата  во градењето и развојот на винската култура во земјата, но и земјите во овој регион.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА