6 медали за џудистите на „Кожувчанка“

Спорт
Типографија

 

 Џудистите на „Кожувчанка“ уште еднаш ја потврдија својата висока форма, освојувајќи 6 медали на меѓународниот турнир во џудо кој во организација на џудо клубот „Пролетер“ се оддржа викендов во Прилеп.

Успехот е уште позначаен ако се земе во предвид дека е остварен во конкуренција на 200 џудисти од 18 клубови од Грција, Бугарија, Србија, Украина, Велика Британија и Македонија. Марија Илиевска и Никола Петров му ги донесоа две први места на џудо клубот „Кожувчанка“, Розе Милкова и Благица Колева загубија во финалните борби и завршија како втори во своите категории, додека Игнат Петров и Благоја Тодоров освоија трети места.

„Иако на турнирот отпатувавме доста ослабени, со голем број на отуства што поради повреди, што поради лични причини, сепак и јас и мојот колега Сашко Ангелов сме презадоволни од настапот на нашите џудисти на овој силен турнир“ - изјави Марјан Колев, тренер на џудо клубот „Кожувчанка“.

По големиот успех, кавадаречките џудисти ги очекува нов предизвик, на уште еден меѓународен натпревар, овој пат во Аминдио, Грција, на кој џудо клубот „Кожувчанка“ ќе учествува со триесетина џудисти.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 3 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:22 am   |   Sunset: 4:11 pm
79%     6.4 km/h     33.390 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 12 °C
Саб Low: 1 °C High: 10 °C
Нед Low: 0 °C High: 6 °C
Пон Low: 1 °C High: 7 °C
Вто Low: 1 °C High: 10 °C
Сре Low: 0 °C High: 12 °C
Чет Low: 1 °C High: 11 °C
Пет Low: 1 °C High: 12 °C
Саб Low: 0 °C High: 13 °C
Нед Low: 3 °C High: 11 °C