Kошарка: Фени започна со тренинзи

Кошарка
Типографија

Kавадаречкиот суперлигаш под водство на Малинков цели на висок пласман

По паузата за новогодишните празници, кошаркарите на Фени Индустри веднаш се вратија во тренажен процес, па и покрај екстремно студеното време, продолжуваат со подготовките за вториот дел од сезоната, во која тимот на Малинков ќе треба да го потврди впечатокот дека е кадарен за високи дострели.
Официјално, првиот натпревар во новата година кошаркарите на Фени Индустри ќе го одиграат на 18 јануари, и тоа против екипата на Сутјеска од Црна Гора во рамките на претпоследното коло од воведната групна фаза од балканската БИБЛ лига. Почетокот на натпреварот кој најверојатно ќе значи и враќање во „Јасмин“ на миленикот на кавадаречката публика, Горан Гајиќ кој настапува за Сутјеска е закажан за во 19 часот.
Три дена подоцна, кавадаречките кошаркари ќе му гостуваат на тимот на Охрид АВ во рамките на деветото коло од домашното