Во неделата се одигра finalfour турнирот во кошарка за играчи до 13 години кој беше организиран од најголемата спортска телевизија на балканот SPORTKLUB.

Учествуваа победниците од  трите турнири кој се одиграа претходно низ Македонија и најдобриот второпласиран.

Екипата на КК СПОРТИСИМО од Кавадарци им ги расипа сметките на скопските екипи, како единствен претставник од внатрешноста на нашата земја и го освои третото место во конкуренција на 24 екипи .

Во првиот полуфинален натпревар победник беше екипата на Вардар која ја совлада екипата на Феникс, а во вториот полуфинален натпревар КК СПОРТИСИМО беше поразен од екипата на ФМП од Скопје.

Во борбата за трето место, КК СПОРТИСИМО извојува победа против екипата на КК Феникс и заслужено го освои пехарот за трето место и бронзен медал.

Најдобри поединци на овој турнир во кавадаречкиот состав беа капитенот Андреј Чадамов и Христијан Миленовик .

Победник на овој турнир е екипата на Вардар , која ќе ја претставува Македонија на завршниот турнир во Словенија .

Со овој успех се потврди добрата работа, посветеноста и организираноста на КК СПОРТИСИМО со најмалите категории  од страна на тренерски тандем Мирослав Златески и Марјанчо Јанкулов .

550092205.jpg

 

56737252_429235637813185_889483397674565632_n.jpg5618434200000.jpg

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА