На изложбата беа претставени 60-тина дела на сликари од Македонија

Во градот Малме, во Шведска, на 29-ти ноември годинава беше реализирана  изложба на мултикултурна група уметници од Република Македонија .Под наслов „ЖИВОТ“изложбата беше отворена во „ Студиефорбунтед“ а многубројната публика пројави голем интерес за творештвото на уметниците од Македонија.

На изложбата се представи мултикултурната група од 53 уметници од Македонија со шеесетина дела . Тие за прв пат се претставуваат во градот МАЛМЕ, во ШВЕДСКА во СТУДИЕФОРБУНДЕТ“ а организацијата беше на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје со поддршка на Град Скопје и Градот Малме.

По повод отворањето пред многубројната публика говореа кураторите на изложбата Гордана Винчиќ- уметница и социолог од Шведска, која на публикатa и се обрати на шведски јазик, Игор Љубовчевски - Љубац, академски сликар од Македонија од име на уметниците учеснци се обрати на македонски јазик, а за значењето на делата и за оваа културна соработка на македонски и на англиски јазик говореше Виолета Калиќ,историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура од ЈУ Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје. Од име на Здружението на Македонците од Малмо, Шведска говореше  Борис Антовски.

На изложбата која е во рамките на соработката помеѓу двете земји Македонија и Кралството Шведска од страна на КСД од Малме беше врачена Благодарница на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за соработката, која ја прими директорот на ЈУ Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, господин Сафет Камбери. Исто така ова беше прилика да биде врачено делото „ВРАТА“ фотографија во колор од Нулифер Сали (фрагмент од Јахја Пашината Џамија во Скопје , културно-историски објект од почетокот на 16 век)

Инак на ова презентација на ликовното творештво од Македонија се претставија  уметници од повеќе генерации , но и од повеќе ентитети,активно присутни на ликовната сцена во Република Македонија и надвор од неа, учесници на бројни изложби и други проекти во земјата и надвор, голем дел се и професори од Државниот Универзитет , УПУ„ Лазар Личеноски“ од Скопје и од други универзитети во Р.Македонија. Голем дел од нив се и наградувани со повеќе награди и признаниа, како во земјата така и надвор. Мултикултурната група уметници со својата разнообразност како во стилскиот израз така и во разнообразноста на применетите техники, го доловува духот на современата ликовна сцена во Р.Македонија кој е во релација со глобалните проблеми со кои светот се соочува, и кои треба да се предизвик за заеднички напори преку взаемен дијалог и креативен ангажман не само во уметноста , туку во сите сфери на живеењето, светот да го направиме поубаво место за заеднички живот за сите , каде и да сме.

Во ова претставување се вклучија:Александра Арсовска, Андријана Андреева, Весна Радишиќ Ацковска, Маја Андонова Јокиќ, Сашо Ацковски, Сашо Блажески,Емилија Божиновска Шумковска,Борјана Божиновска Ѓорѓиевска,Витан Божиновски,Томо Бундевски,Лидија Вујисиќ,Марко Вујисиќ,Мирко Вујисиќ, Жаклина Глигориевска Кочовска,Вера Дворска, Горјан Ѓоргиев,Ана Ивановска, Анета Ивановска Симјановска,Валентина Илиевска,Симона Јакимовска,Стефан Јакимовски, Зоран Јакимовски, Бранко Јакшиќ, Петра Јовановска,Маја Кировска,Цветанка Јованова Хермес, Лиле Јовановска Арсова, Сарита Конеска, Росица Лазеска, Гордана Винчиќ, Шќипе Мехмети,Верина Николова,Лидија Пачемска Џонс, Ицко Петрески,Жанета Радевска Спировска, Исмет Рамиќевиќ,Маја Рауник Кирков,Марија Светиева,Александар Таневски,Игор Таневски,Катерина Таневска, Тања Таневска, Ана Темкова, Емилија и Стојче Тоциновски,Луси Хуи Трајковска, Симонида Филипова Китановска,Вернон Џонс, Тони Шулајковски, Наташа Милованчев, Игор Љубовчевски,Дита Старова Ќерими, Бурхан Ахмети, Наташа Милованчев и Силвана Силва од Данска , по потекло од Македонија.

Се очекува дека оваа групна изложба по претставувањето во Шведска да биде поместена и во повеќе други земји, за што е веќе пројавено интересирање.

Овој проект е реализиран со поддршка на Град Скопје, како и со непосреден ангажман на  Лилјана Стоиловска Андовска, претседател на Женскиот актив од „КСД Македонија“ во Малме,  Атанасиос Пациас раководител на единица од културната администрација на Градот Малме и Федерацијата за Едукација од Шведска „Студиефорбундет“.

Многубројната публика со големо внимание ги разгледа сите дела со кои беше претставена на изложбата насловена „ЖИВОТ“ на мултикултурната група од шеесетина уметници од Македонија.Тоа воедно беше и повод за иницирање на нови проeкти.

47681491_287225845262763_160267765507162112_n.jpg

 

47484868_530844430728430_1991911020481740800_n.jpg

 

47578720_359248351305018_9044728197937102848_n.jpg

 

47506517_265971367427096_3833190060354699264_n.jpg

 

 

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА