Mинистерката за труд и Социјална политика престојуваше во Кавадарци

Македонија
Типографија

Mила Царовска-Министер за труд и социјална политика“Ние апсолутно сме спремни и има средства во буџетот да обезбедиме опремување на градинката во Кавадарци до крајот на 2017 година без никаков проблем“

          „Денес сум во посета на центар за социјална работа во Кавадарци којшто е еден од триесетте центри на територија на Р.М. којшто опслужуваат повеќе од 200 илјади граѓани којшто ни се во социјален ризик којшто имаат социјални проблеми, кои се приматели на социјална правна помош посебен додаток туѓа нега.Додаток но дополнително и по разни постапки доделување на деца асите овие граѓани коишто имаат некаков ризик доаѓаат во овие центри. Со тоа што Европската Унија со нивно кофинансирање обезбеди техничко опремување и реконструкција на 28 центри на социјална работа на територија н РМ.дополнително се истите овие центри добија и возила 30 центри на територија на Р.М. добија возила и ова е оној прв чекор во којшто ќе направиме реконструкција на системот социјална заштита. Поради тоа што ако центрите не одат на терен немаат возило и ако условите за работа и на социјалните работници и другиот стручен кадар се навистина лоши тогаш не можеме да зборуваме за квалитетна социјална заштита, рече Мила Царовска министерка за труд и социјална политика која денеска престојуваше во Кавадарци..

„Вториот чекор е кадровско опремување на овие центри на социјална работа. Со тоа што ние сме во процедура владата да донесе одлука за вработување на нови 60 социјални работници во наредниот период коишто ќе оди во две фази со тоа ќе го подобриме квалитетот на услуги и теренската работа на овие центри за социјална работа. Суштинската промена на овој систем или ново лице на системот за социјална заштита ќе видиме со донесување на новиот закон којшто е во процедура и сметаме дека една година ќе биде сосема доволна за да овој закон со широка дебата се донесе во Р.М. Што ќе значи овој нов систем социјална заштита или овој нов закон? Осовременување или поделба на материјалните права исплатата од услугите Македонија мора да добие конечно мрежа на социјални услуги коишто треба да ги нуди на граѓаните и тоа во плурален систем и бизнис сектор и граѓански организации и државата да ги нудат квалитетните услуги но исто така и материјалните права или социјалните трансфери, кога конечно во даден месец државата ќе исплати социјален трансфер во моментот познат социјална парична помош таа мора да биде над нивото на линија на сиромаштија инаку не ја дава улогата и токму тоа го договараме на крајот од 2018 година освен предизборните ветувања и сега како влада дека на крајот на 2018 година конечно ќе го видиме во пракса и минималниот адекватен приход или исплата на социјален трансфер до линија на сиромаштија. За инфраструктурните поправки во овие центри Европската Унија издвоји или и помогна на Македонија со над милион евра,рече меѓу другото министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во Кавадарци и продолжи

„Денеска токму на денот на одржување на пресот на опозицијата тимот од министерството за труд и социјална политика во тој момент беше и на терен во посета на градинката, поради тоа што градинката иако Општината има обврска да ја изгради и да вложи финансиски средства во истата, ние имаме обврска да ја опремиме истата таа градинка. Е сега, тие немаат испратено до нас спецификација, за што од опрема и каков тип на опрема им е потребна за таа градинка. Очекуваме да тоа се случи откако нашата екипа денеска ќе направи записник и ќе утврди што уште треба да се заврши во реконструкцијата на тој објект понатаму нека си поднесат барање со спецификација за сите утврдени потреби и ние апсолутно сме спремни и има средства во буџетот да обезбедиме опремување на градинката во Кавадарци до крајот на 2017 година без никаков проблем. Но важно е да се почитуваат процедурите многу е важно да не се добива на популизам, јас како што кажав и во Врапнчиште до крајот на годината ќе има 13 градинки ќе опремиме и ќе бидат во функција и ќе згрижиме над 628 деца во истите тие објекти. Јас како министер ќе се залагам да имаме што повеќе градинки а не да кратам од пари на градинки, но важно е да знаете дека во некои општини е започната постапка за набавка на опрема не постои објект или некаде не се обезбедни технички услови за истото, општината ни денар не дала ниту предвидела во планот за јавни набавки реконструкција на објект а министерството предвидело опремување и тоа е недозволиво. Мораме да знаеме во кој објект опремуваме и дека тој објект во даден момент навистина ќе стане градинка. Затоа очекувам соработка со општините во моментот кога се ќе биде спремно, министерството е тука да поддржи, да купи опрема да даде согласност за отварање на таа градинка и да си течат постапките по закон„.рече на крајот во својата изјава во Кавадарци министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска.

DITO
MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 10 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:47 pm
81%     6.4 km/h     33.525 bar
Forecast
Вто Low: 6 °C High: 25 °C
Сре Low: 8 °C High: 27 °C
Чет Low: 8 °C High: 26 °C
Пет Low: 7 °C High: 25 °C
Саб Low: 9 °C High: 25 °C
Нед Low: 11 °C High: 26 °C
Пон Low: 9 °C High: 24 °C
Вто Low: 9 °C High: 18 °C
Сре Low: 7 °C High: 18 °C
Чет Low: 5 °C High: 19 °C