Моќта на природата-освојувања на планински врвови

Македонија
Типографија

Деновиве  во нова мисија да го освојат „Титов Врв„ беа повеќе  планинари од Македонија,меѓу нив и двајца од Кавадарци.

Напорно,студено, снег,но прекрасно.Фотографиите говорат за убавините на природата.Освоен е „Титов врв„ -2.748 метри н.в.Несекојдневно доживување.Групата Македонија „I love hiking “,која според  програмата има редовни искачувања  во сите годинишни времиња, на познати и помалку познати врвови во Македонија, на 10 јануари го искачи „Титов врв„.Тоа го сторија и над 80 планинари од повеке градови на државата кои често се со нив кога организираат вакви тури.

Еве како го  членовите на   I love hiking - group Macedonia го доживејаа искачувањето на еден од највисоките планински врвови во Македонија „Титов врв„ .

  

26231435_2072812302938125_728623907168088750_n.jpg

„Се тргна така рано, се бркаше автобусот по скопските улици, за да се стигне на шара на само изгрејсонце. Горе во населбата, се е мирно, и кучињата спијат. Светлата се уште треперат и само проѕевањето на полицијата беше знак дека нешто мрда.

Краток говор и караванот тргна. Тргна преку Церипашина, Антени, Казани, Карабунар, Бакардан за до Титов врв. Толку многу врвови за пишување а замислете колку се тоа многу за искачување. Во еден правец и потоа следи истиот пат, истата агонија и за назад. Во првиот правец  те води еуфоријата, адреналинот и желбата. За назад те враќа само силата и сплотеноста на тимот.

Се беше во знакот на доброто време и одличната дисциплина. Многу нови членови се искачија за прв пат на Титов врв и тоа по најтешката патека, многу од нив и за прв пат со дерези, што е знак на голем налет на нови сили. Членови на “Осогово”- Кочани, “Ендорфин”-Кичево, “Free hikers”- Неготино, Куманово, Кавадарци и Скопје, со бројка над 80+ зависници за чист воздух. Се заврши со еуфорично чекање на последните членови да пристигнат на финишот. И потоа уморот си го завзема своето место во телата и тотално опуштени патуваме назад„ 

26229584_2072812612938094_8818374907958093273_n.jpgНесомнено несекојдневно доживување какво со не се опишува со зборови.Затоа планинарите велат дека секое искачување треба да се доживее , без разлика колку е напорно-на крајот кога се ке се заврши се чувствуваш исполнителнето и убаво.

26196046_2072813999604622_4452211390727154278_n.jpg

 Со такво чуство во Кавадарци се вратија и двајцата членови-планинари на ПД„Орле“ кои беа заедно со планинарите на  „I love hiking - group Macedonia“.    Тие      кои инаку    редовно,барем  еднаш до два пати месечно со други Планинарски здруженија и групи ја „освојуваат“ Македонија и нејзините убавини, од кои , некои се речиси недопрени, невидени од нас.Таа љубов која се раѓа еднаш ,кога стануваш пријател со приридата, станува твоја трајна опсесија.Овие генерации планинари  имаа респект за својата нова љубов-планинарењето.Ги охрабруваме да продолжат со нивната мисија.

DITO
MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 4 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:36 pm
60%     35.4 km/h     32.916 bar
Forecast
Пон Low: -2 °C High: 5 °C
Вто Low: -4 °C High: 5 °C
Сре Low: -3 °C High: 3 °C
Чет Low: -4 °C High: 4 °C
Пет Low: -4 °C High: 6 °C
Саб Low: -2 °C High: 7 °C
Нед Low: 0 °C High: 8 °C
Пон Low: 1 °C High: 8 °C
Вто Low: -1 °C High: 8 °C
Сре Low: 0 °C High: 10 °C