Од идната година треба да почне примена на софтверот за откуп на земјоделски производи, најави министерот за земјоделство Михаил Цветков при неодамнешната посета во Струмица. Според него, решението е готово и дадено им е на увид на сите инволвирани страни за сугестии и предлози.

- Софтверското решение е готово. Ќе го добиат преработувачите, земјоделците и воопшто сите вклучени во процесот. Во наредниот период ќе чекам нивни сугестии. Со софтверското решение предвидено е да имаме целокупна евиденција на сите преработувачи јкои се запишани во единствениот регистар на земјоделски производства и на сите земјоделци кои се запишани. Во секој момент ќе имаме информација колку е продадено, по која цена, колку е платено и дали е платено, објасни министерот Цветков.

Рече дека картонските белешки ќе станат минато со примената на електронската евиденција, со која предвидена е и банкарска гаранција во преработувачката индустрија.

- Ние претходно направивме измени во законот за исплата на земјоделците во рок од 90 дена. И со ова софтверско решение предвидуваме исто како со тутунот и преработувачката индустрија да има банкарска гаранција. Ако не им исплати на земјодеолците во рок од три месеци, да може да се активира гаранцијата, појасни Цветков.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА