На денешен ден во Тиквешијата

На денешен ден
Типографија

-1902 година во с.Ресава,  роден е  народниот херој Блажо Тодоровски Чичето.

-2003 во Прага почина Наќо Ангелов Рочко

- Потекнува од сиромашно земјоделско семејство и од мали нозе ги извршувал најтешките физички работи. Во напредното движење се вклучил во 1938 г. во агитацијата за Парламентарните избори и заедно со Страшо Пинџур, Тошо Велков и Илија Чулев, кога ја подржувале кандидатурата на д-р Илија Чулев. Соработува со Димката габерот ви 1938 г. кога Габерот е учител во с.Дабниште. Станал член на КП во 1941 година и помага за време на престојот на велешките партизани на територијата на ресавскиот атар. На денот на формирање на одредот “Добри Даскалов“, Блажо е меѓу првите негови борци. Загина во Јунската офанзива што ја презедоа бугарските војски за уништување на напредното движење во овој крај на 7.06.1943 година кај селото Никодин.

 

 

010011019384774.jpg.jpg

-2003 година во Прага, Република Чешка почина Наќо Ангелов-Рочко. Роден е во с.Ваташа 1921 год. Завршил основно училиште и нижа гимназија во Ваташа, Кавадарци, а гимназија во Скопје. Во 1941 г. бил секретар на скоевската организација во Ваташа. Во 1942 г. за време на престојот на велешкиот одред “Димитар Влахов“ во Тиквешијата, бил задолжен за нивно сместување и исхрана. Во мај 1943 г. е меѓу првите борци во одредот “Добри Даскалов“, заедно со постарите браќа Димката и Борко. Продолжува да се бори како борец на бартаљонот “Страшо Пинџур“ и Втора македонска бригада. Во 1944 г. е именуван за командант на воената болница во Зборско. Во 1944 год. бил избран за член на НОО во Кавадарци. По ослободувањето живее и работи во Република Чешка како инжинер.

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK