На денешен ден- формиран e Фудбалскиот клуб “Победа“.

На денешен ден
Типографија

На 5 јануари 1929 година во Кавадарци е  формиран ФК „Победа“

Претседател на клубот бил Славчо Темков, а негови најпознати играчи се: Александар Хаџивасилев, Александар Хадкинскон, Стојан Белевски, Лазо Јосифов, Ило Мукаетов, Димо Димовски,Ордан Костов, Душко Чемерски, Тошо Јанаќиев, Драги Миленковиќ, Тодор Крстев и др. Клубот имал свој амблем, играчите членски книшки, а бил регистриран во општинската управа. Клубот се натпреварувал во регионалната фудбалска лига. Првиот официјален натпревар ФК “Победа“ го има одиграно со ФК “Тиквеш“ од Неготино на 20.07.1930 година а резултатот бил 2 : 0 за “Победа“ од Кавадарци.