На денешен ден-Почина Јованче Велков

На денешен ден
Типографија

На 22 февруари 1907 година во турскиот затвор на островот Родос по три годишна робија почина Јованче Велков.

 

Јованче е роден во Кавадарци во имотно трговско семејство. Тој е еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација ТМОРО во Кавадарци. По завршување на гимназијата во Солун работи како трговец со тиквешки вина. Во средината на јули 1894 г. во присуство на Даме Груев во Кавадарци учествуствува на формирањето на првиот рволуционерен комитет во Кавадарци, прв во Македонија по солунскиот. Јованче во 1895-1896 година е раководител на ТМОРО во Кавадарци. По солунските атентати во 1903 година бил уапсен и затворен на островот Родос каде по три годишна робија починал. ( Оваа е до сега единствена позната фотографија од Јованче Велков).

Од Архивата на Музеј Галеријата