Училиштето ги отвори вратите за сите заинтересирани, особено основците, да дојдат и лично се запознаат со условите за учење за време на средното образование

 Денеска ОСЗШУ„Ѓорче Петров“ организира   отворен ден со забавен хепенинг кој имаше едукативна функција.Тој беше-во функција на  запознавање со начинот  на школување,струките кои се изучуваат наставниот кадар кој го предава материјалот, нагладните средства кои се користат,условите каде се изведува наставата. вработувањето по завршување на средното образование  и други поединости.Завршени деветооделци од сите училишта од градот денеска беа едуцирани со се што ги интересираше за уписот ова година.

А годинава заинтересираните ученици можат да се запишат на : Шумарско-Дрвопреработувачката струка, Земјоделско -Ветеринарната струка и за прв пат Медицинска (здравствена) струка за фармацевти- лаборантски техничар.Уписите се одвивата на 18 и 19 јуни, и 28 јуни, и 23 август и на 31 август  2018 година.

Беше организирана  лотарија во која учествуваа сите кои дојдоа на отворенеиот ден,заедничка посета на сите објекти во училиштето, и преставени сите струки кои овде се изучуваат.

На присутните им се обрати директорот Горан Велковски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА