Со цел збогатување на понудата со културни настани за време на летните денови во Неготино, од денеска до четврток, секоја вечер на бината во центарот на градот, ќе се прикажуваат филмови.


Како што вели директорката на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино, Мирјана Јованова, настанот е во рамки на проектот „Фестивал на тркала 2016”, кој се реализира во Република Македонија.


-Целта е проширување на спектарот на квалитетни и разновидни културни содржини. Вкупно четири филма ќе бидат прикажани во термините од 20:30 часот, соопштува директорката.


Филмските вечери во Неготино се во организација на продукциската и дистрибуциска куќа “Катавеј” од Скопје и неготинскиот културен центар.
На програмата се еден анимиран и три играни филмови од богатата европска кинематографија.

Ќе се обновува делницата Неготино – Демир Капија, што е најоштетен дел од автопатот „Александар Велики“.

Реконструкцијата на 16 километри од патот во двете насоки ќе трае една година. Се чека утврдување на времениот режим на сообраќај за старт на градежните работи.

Во исто време, активно се работи и на изградба на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, така да некаде за отприлика една година ќе имаме модерен автопат на Коридорот 10.

Согласно утврдената динамика за работа, веќе неколку денови по ред се одвиваат градежни работи за изградба на патот од Горни Дисан до Вешје. Проектот ќе се реализира во три фази, при што во рамките на активностите од првата фаза се врши изградба на патот во должина од 800 метри со средства обезбедени преку ИПАРД програмата, додека останатите две делници во должина од 634 и 400 метри ќе се рализираат со финансии обезбедени од ИПА преку Светска банка и ИПА проектот за меѓугранична соработка Во моментов се изведуваат земјени работи за проширување на оваа делница од проектот, по што ќе следуваат и останатите градежни активности за изградба на комплетно нов пат кој Горни Дисан ќе го поврзе со Вешје, пишува порталот неготино.гов.мк.

 Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје во Неготино,  се спроведе активноста „Ден без автомобили“.

Повеќе артикли...

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 13 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 5:40 pm
68%     4.8 km/h     33.254 bar
Forecast
ПонLow: 10 °CHigh: 17 °C
ВтоLow: 10 °CHigh: 18 °C
СреLow: 7 °CHigh: 20 °C
ЧетLow: 6 °CHigh: 14 °C
ПетLow: 2 °CHigh: 20 °C
СабLow: 4 °CHigh: 23 °C
НедLow: 7 °CHigh: 22 °C
ПонLow: 9 °CHigh: 20 °C
ВтоLow: 9 °CHigh: 21 °C
СреLow: 8 °CHigh: 21 °C