Летниот период кога и бројот на дечињата кои престојуваат во градинката е намален, раководниот тим и вработените го користат за изведување зафати во двата клона со единствена цел за подобрување на севкупните услови за престој и подобрување на условите за работа на вработениот персонал.

На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а во соработка со одговорните во ЈП„Македонија“ пат, интензивно се одвиваат градежни работи за подготовка за асфалтирање на улицата „Индустриска“ во Неготино, односно обиколницата околу градот.

На задоволство на месното население, а посебно на најмладите, деновиве во функција е ставен новиот детски забавен парк во Пепелиште кој е изграден со средства од Буџетот на општина Неготино и со несебична поддршка во работна рака од локалните жители.

Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во својот кабинет го прими и се задржа во краток разговор со младиот и надежен неготински каратист Алек Ѓорѓиев кој на последниот меѓународен натпревар во традиционално карате во Грција освои златен и сребрен медал во исклучително силна конуренција.

Малиот групен дом за деца со попреченост,кој треба да се отвори во неготинското село Тимјаник и предизвика бурни реакции во јавноста по протестот на жителите против негово отворање,сепак ќе се гради соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, откако во текот на вчерашниот ден заедно со градоначалникот на Неготино се сретнале со мештаните.

Во Неготино денеска беа одбележани 75 години од значајни настани од Народноослободителната војна во 1943 година и формирањето на партизанскиот одред “Добри Даскалов”.

Повеќе артикли...

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 0 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:4 pm
90%     8.0 km/h     33.187 bar
Forecast
Нед Low: -2 °C High: 5 °C
Пон Low: -4 °C High: 0 °C
Вто Low: -1 °C High: 0 °C
Сре Low: -4 °C High: 2 °C
Чет Low: -8 °C High: 3 °C
Пет Low: -1 °C High: 5 °C
Саб Low: -1 °C High: 3 °C
Нед Low: -1 °C High: 5 °C
Пон Low: 0 °C High: 5 °C
Вто Low: 0 °C High: 6 °C