(Видео) Премиерот Заев во Неготино-Субвенциите исплатени, ке преговараме за подобра цена со винариите

Неготино
Типографија

Ги охрабрувам земјоделците да сметаат на партнерството во Владата, рече премиерот Зоран Заев во Неготино, по средбата со градоначалникот Тони Делков и лозари и граѓани, честитајќи го денешниот верски празник “Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозаровинарството.

 

Посакувајќи им бериќет, тој им се придружи во одбележувањето на традиционалната манифестација со која се одбележува почетокот на новата грoздоберска сезона.

     -Знаеме дека во минатото немаше многу среќа за лозарите, имаше невреме, не беше платено навреме произведеното грозје, имаше доцнење на субвенциите. Јас сум среќен што можам овој старт на сезоната да објавам дека субвенциите се исплатени многу навремено, две недели пред самиот старт на сезоната, веќе почнавме разговори со винариите и откупувачите за да можеме да обезбедиме колку што е можно поповолна цена за лозарите оваа година. Очекуваме зголемена побарувачка зашто винариите се празни, се надевам дека навистина ќе ги поклопиме сите моменти за да имаме среќни лзоари и зголемено производство, нагласи премиерот.

 Рече дека е убеден дека со сите мерки кои ги прави Владата, посебно со новите мерки за дополнителни субвенции за нови насади, отварање на нови пласмани за финалните земјоделски производи и за вино и освојување на нови пазари, цените на грозјето ќе растат. Истовремено изрази убеденост дека ваквите политики на Владата која е вистински партнер на лозарите, преку разговори со откупувачите и преку димензионирање на цените, чекор по чекор ќе обезбеди достоинствени земјодлеци.

   -Истовремено Владата работи на обезбедување на сигурен пласман, но секако ќе бидеме нивен партнер и воNEGOTINO_4.jpg преговорите за цените. Оваа година стартуваме и со зелената нафта. Директно на еден огромен број на земјоделски производители што ќе имаат до еден милион денари вкупен приход, ќе им биде вратен персоналниот данок и тоа ќе дојде токму на почетокот на наредната сезона што ќе му биде дополнителна субвенција. Да ги охрабрам нашите земјодлеци да ги работат нивите, да произведуваат и да сметаат на партнерството на Владата. За нас тоа значи зголемено производство, зголемен извоз, девизен прилив во државата, но и за нас значи егзистенција на граѓаните на Република Македонија, нагласи Заев.

   Тој нагласи дека лозарството е многу важен дел од секојдневието во Република Македонија заради тоа што повеќе од 18 илјади семејства живеат од лозарството, некаде повеќе од 80 илјади граѓани кои чекаат на добар род и секако поволни цени за продажба на грозјето.Денеска во Неготино со изјава за состојбите во земјоделието се обрати и министерот за земјоделие шумарство и водостопанство,Љупчо Николовски.

Инаку денеска  Премиерот Зоран Заев со министерот за земјоделеи Љупчо Николовски му беше гостин на сопственјикот на Тиквеш Свето јаневски во Лепово на плантажите каде Тиквеш одгледува врвни сосрти на грозје.Овде беа закројани лозката на Тиквеш и на симболичен нчин се означи годинашнава сезона на одгледување на лозја кои го прават најубавото вино –од Тиквешкото виногорје.Денеска се закројуваа лозјата на винарската визба “Тиквеш” во Лепово кај Неготино.

МеталАпостолов

Следни настани

MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 10 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:17 am   |   Sunset: 5:15 pm
75%     11.3 km/h     32.882 bar
Forecast
ЧетLow: 6 °CHigh: 12 °C
ПетLow: 6 °CHigh: 11 °C
СабLow: 5 °CHigh: 8 °C
НедLow: 0 °CHigh: 5 °C
ПонLow: -1 °CHigh: 1 °C
ВтоLow: -2 °CHigh: 7 °C
СреLow: -7 °CHigh: 0 °C
ЧетLow: -5 °CHigh: 2 °C
ПетLow: 0 °CHigh: 7 °C
СабLow: 2 °CHigh: 13 °C