Волонтеризам: Средби во Демир Капија и Росоман

Росоман
Типографија

Во рамки на проектот “ Подобрување на можностите за појавување на пазарот на трудот“ во општините Демир Капија и Росоман се одржаa средби по повод Светскиот Ден на Волонтеризмот.


Целта на овој настан беше да се подигне јавната свест на локалната популација за активно превземање на волонтерски можности од причина што во некои периоди пазарот на трудот не овозможува нови можности за вработување, па оттаму преку волонтирање ни се укажува можност да останеме активни и да се здобиеме со значајно работно искуство.
На овој настан се реализираа повеќе активности за укажување на придобивките од волонтирањето а беа одржани и информативни сесии во двете општини.Во Општина Демир Капија се одржа Втората Информативна сесија .Говореше Горан Митрев од Демир Капија, кој со неговото претходно искуство со волонтерски активности на присутните на настанот им ги пренесе своите искуства и придобивки , ги запозна со историјата на волонтеризмот и со тоа како тој има голема улога во неразвиените земји. Горан има учествувано на повеќе музички фестивали, волонтирал при организирањето на “Outdoor” фестивалот кој се одржува еднаш годишно во Општина Демир Капија, а учествувал и во повеќе волонтерски активности на спортскиот клуб “ Клисура”, преку кој имаат одржано разни акции од типот на чистење и на зачувување на животната средина, бил активен при хуманитарните акции кои се изведувале во Демир Капија за време на мигрантската криза и друго.
Во Општина Росоман пак се одржа Првата Информативна сесија од проектот, во која исто така се одржа средба посветена на волонтеризамот. Овде зборуваше Дарко Зоков, кој се обрати пред присутните и ги сподели своите волонтерски искуства. Тој е волонтер во Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, и активно учествува во акции и активности од повеќе дејности на истата организација. Организирал презентации во основните и средните училишта од областа на здравствено-превентивна дејност, крводарителството и прва помош, потоа учествувал во собирните хуманитарни акции од областа на социјално-хуманитарната дејност по повод Денот на гладтта и Недела на солидарноста, учествувал во спроведување на активности за одбележување на Неделата на Црвениот крст и други волонтерски активности.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 16 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:17 am   |   Sunset: 7:59 pm
77%     11.3 km/h     33.051 bar
Forecast
СабLow: 15 °CHigh: 34 °C
НедLow: 17 °CHigh: 38 °C
ПонLow: 17 °CHigh: 34 °C
ВтоLow: 18 °CHigh: 30 °C
СреLow: 20 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 19 °CHigh: 31 °C
ПетLow: 19 °CHigh: 31 °C
СабLow: 19 °CHigh: 31 °C
НедLow: 19 °CHigh: 31 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 31 °C