Заврши турнирот„Вуко Kаров“-Победник Победа

Спорт
Типографија

Во предигра на финалето, Борец  го победи Металург и го освои третото место.

Фудбалерите на Победа и денеска  ја покажаа својата класа, и со убедливи 6-0 против домаќинот Тиквеш 1930 го одбранија шампионскиот наслов на меморијалниот турнир „Вуко Каров“ кој по осумнаесетти пат се оддржа во Кавадарци.

 

16730990_10211968396148299_1778291915_n.jpg

Големиот триумф беше најавен уште по четири минути игра кога Трајковски погоди за 1-0. Предноста на гостите од Прилеп ја удвои Шаркоски, за четири минути подоцна на листата на стрелци да се запише и Гешоски за 3-0. Но, и оваа предност не ги задоволи прилепчани, кои на полувреме заминаа со предност од 4 гола откако Наумоски погоди од слободен удар.

 

16707204_10211968397308328_1723104004_n.jpg

Со својот втор гол Трајковски ја „пукна петардата“ на почетокот на второто полувреме, а конечните 6-0 ги постави Гешовски на три минути пред крајот.

Во предигра на финалето, Борец со голот на Горан Димовски го победи Металург и стигна до третото место.

 

16729902_10211968397068322_772955987_n.jpg

Играчот на прилепска Победа, Даниел Карчески со три постигнати гола беше прогласен за најдобар стрелец, додека Александар Ангелков кој на вчерашниот натпревар помеѓу Тиквеш и Борец одбрани два пенали го доби признанието за најдобар играч на турнирот.

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 18 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:49 am   |   Sunset: 5:44 pm
47%     11.3 km/h     33.153 bar
Forecast
Чет Low: 6 °C High: 26 °C
Пет Low: 8 °C High: 25 °C
Саб Low: 8 °C High: 25 °C
Нед Low: 10 °C High: 24 °C
Пон Low: 9 °C High: 20 °C
Вто Low: 9 °C High: 14 °C
Сре Low: 6 °C High: 15 °C
Чет Low: 4 °C High: 16 °C
Пет Low: 3 °C High: 17 °C
Саб Low: 3 °C High: 17 °C