Ризов оди на на натпревар за Светскиот куп во Италија

Спорт
Типографија

 

Со донации на компниии и поединци обезбедени се средства за учествои на најдобриот кик боксер на елитниот Светски куп во Римини

Најдобриот спортист на град Кавадарци, кик боксерот Филип Ризов благодарение на огромната поддршка од целата заедница и официјално ќе биде дел од Bestfighters Wako World Cup кој од 15 до 18 јуни ќе се оддржи во Римини, Италија.

Ризов кој неколку години суеверено владее со рингот во категоријата до 57 килограми веќе утре заминува за Италија, каде што ќе има два дена за адаптација, пред напорниот викенд во кој го очекуваат дуели со претставниците на Италија, Франција, Украина, Словенија и Велика Британија.

         „Најпрво од мое лично име, од името на Филип Ризов и на Тодор Анастасиев, сакам да упатам јавна благодарност до сите оние кои што помогнаа да ги собереме финансиските средства, до целата кавадаречка јавност, бизнис секторот, локалната самоуправа, бизнис секторот, нашите иселеници, медиумите, но и граѓаните кои ја споделуваа информацијата за поддршка на нашиот борец. Драго ми е што заеднички успеавме да му помогнеме на Филип, но и да ја почуствуваме поддршката од градот кој секогаш го претставуваме во најдобро светло, за што говорат и бројните медали“ - ни рече меѓу другото Александар Ристовски, тренер во клубот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци.

       Во продолжение од разговорот, Ристовски не информираше дека ова натпреварување спаѓа во најсилните од ваков тип во светот, за што говори и самата конкуренција од над 2350 борци од сите страни на светот.

     „Светскиот куп Bestfighters на календарот е означен со буквата А, која ја добиваат само најквалитетните и најсилните турнири во светот. Филип ќе настапи во категоријата до 57 килограми, во која на балканското првенство во Сараево го освои златниот медал. Исто така, овој куп е од дополнителна важност затоа што Ризов ќе има можност да ги запознае дел од противниците кои ќе ги има на европското првенство кое во септември ќе се оддржи во Скопје.“ - завршува Ристовски.

DITO
MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 18 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:49 am   |   Sunset: 5:44 pm
47%     11.3 km/h     33.153 bar
Forecast
Чет Low: 6 °C High: 26 °C
Пет Low: 8 °C High: 25 °C
Саб Low: 8 °C High: 25 °C
Нед Low: 10 °C High: 24 °C
Пон Low: 9 °C High: 20 °C
Вто Low: 9 °C High: 14 °C
Сре Low: 6 °C High: 15 °C
Чет Low: 4 °C High: 16 °C
Пет Low: 3 °C High: 17 °C
Саб Low: 3 °C High: 17 °C