Кавадарци станува атлетски град

Спорт
Типографија

Во организација на „Меридијан атлетик еко клуб“, а под покровителство на општината Кавадарци, на 9 јуни   се одржа првиот кавадаречки ноќен полумаратон.

Учествуваа околу 250 атлетичари рекреативци од Македонија, Чешка, Полска, Србија и САД, а се натпреваруваа  на 5, 10 и 21,097 километри.

Стартот и целта беа на Градскиот плоштад, а патеката се движеше по улиците: „Илинденска“-кружен тек кај Автобуската- по булеварот „Моша Пијаде, каде се свртува на семафорите кај ООУ„Гоце Делчев“-назад до центарот, па по улицата „Тиквешко востание кад пред вториот триаголник се свртува назад се до целта.

Овој настан е прв од ваков мосовен вид, а желба на организаторите е тој да прерасне во убава спортска традиција на градот.И веруваме дека ке биде така со оглед на тоа што го видовме во саботата.Подготвено професионалано со дигитално мерење време за сите натпореварувачи, обезбедена безбедност на патеката, медицински екипи, екипи на Црвен крст,освежување,и расположение за кое се погрижи организаророт и се разбира публиката која и покрај големиот настан кој во исто време се одвиваше на Кожуф, сепак ја имаше во доволен  број на Плоштадот.Рекреативците-атлетичари не се малку , ги има доста од земјата а исто така и од градот домаќин- од Кавадарци.Оние кои го остварија времето потребно за пооделна дисциплина добија медали  а најмногу искрени честитки од нивните колеги и пријатели.Но повеќе од се важно беше да се учествува на трката.Беше тоа прекрасна саботна  вечер- на атлетиката која ја поздрави д-р Никола Трендафилов -зам. градоначалник на Кавадарци кој на сите им посака успех на трките.Општина Кавадарци-Локална самоуправа  ја пружи  потребната логистика и помош, што беше поздравено од „Меридијан аткетик-еко клубот“ од Кавадарци .Помогнаа и други фирми од градот .

20180609_194120.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 27 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:44 am   |   Sunset: 7:26 pm
48%     6.4 km/h     33.119 bar
Forecast
СабLow: 17 °CHigh: 32 °C
НедLow: 18 °CHigh: 32 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 32 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 31 °C
СреLow: 18 °CHigh: 32 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 32 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 32 °C
СабLow: 18 °CHigh: 33 °C
НедLow: 18 °CHigh: 33 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 32 °C