(Видео) Вински Карневал 2016 година

Традицијата на организирање  на Тиквешкиот гроздобер трае од 1964 година

 Една од најатрактивните содржини на манифестациата Тиквешки Гроздобер е карневалот.Последниве неколку години ,овој дел на Тиквешкиот гроздобер го носи името Вински Карневал.Во дефилето кое поминува по централните улици до Градскиот Плоштад учествуваат стотици млади луѓе и гости од други карневалски градови од земјата и странство, а го гледаат илјадници граѓани од Кавадарци и посетители од други градови на Македонија и гости од странство .РТК.МК ви го прикажува  Винскиот карневал на Тиквешкиот Гроздобер  2016 година.