65 години ракомет во Кавадарци-Свечена академија -спомени,перспективи

Ракометот кај нас има голема традиција .Активно се игра на почетокот на 50 –тите години на минатиот век, а  од 60-те, до 2000  година  имаше зенит во развојот на овој спорт.

Ракометот имаше респект како спортска игра во Кавадарци.Оваа генерација спортски работници и ракометари успејаа да го оттргнат од заборав златното време  и да и дадат  нов ветар за да го добие  заслуженото место. Свечената академија која ја  организираше сегашната Управа на ГРК „Тиквеш 2014“ успеа во тоа (Зоран Јосифовски , Димитар Влаиков,  Добре Ставров и нивните соработници -големи ентузијасти ) и  не потсетатија на почетоците на  ракометот. Академијата  се одржа  во Големата сала на Домот на културата „Иван Мазов Климе“.

Се обратија Зоран Јосифовски-актуелен  член на Управата на ГРК„Тиквеш 2014„ , и Добре Ставров- основач и еден од основачите - голем ракометен работник.Во културниот дел на програмата настапи Триото „Ад Либитум“.Организаторите се погрижија да напорават мошне импресивна изложба на фотографии од досегашни настапи на РК „Тиквеш„ на домашни и средби во гости.

 Инаку Свечената академија ја следеа голем број поранешни и актуелни ракометари и спортски работници во Кавадарци.