Одморалиштето „Михајлово“ на Кожув изутринава се разбуди под снежна покривка од триесетина сантиметри.
Според информациите од раководниот тим на одморалиштето, снегот започнал да паѓа синоќа, и за кратко време се формирала снежна покривка од 30тина сантиметри. Во моментов времето е облачно, но нема врнежи од нов снег. Патот е прооден, санките се подготвени, па доколку сакате да доживеете уште една прекрасна зимски авантура, посетете го одморалиштето кое работи со полн капацитет.
Снег според наши информации има и во селата од Бошавијата и Поткожувјето. Васко Најдов ни испрати фотографија од мартовската снежна идила во село Горна Бошава,