МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Целосно е завршен проектот кој опфати поставување нова водоводна и канализациона мрежа во должина од 6,4 километри во месноста Моклиште како и резервоар со капацитет од 150м3. Со ова се обезбедува стабилен и квалитетен систем за водоснабдување и канализација за жителите, но и за околу 400 нови викенд куќи. Овој проект е вреден 1 милион евра – финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа. Општина Кавадарци продолжува да инвестира во модерна комунална инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот.