Истата вечер беше отворена и ретроспективна изложба на фотографии на ликовниот уметник Осман Демири
„Среќометар“ - Вдиши среќа, издиши страв, е најновата книга на Сузана Трунџиева, која беше промовирана пред кавадаречката публика. Ова е нејзионо девето дело со кое покажува како Турунџиева ја лекува тагата со пишувања. „Среќометар“ е прирачник за среќни луѓе и за сите оние што сакаат да научат да ја препознаваат среќата во секој можен облик. Дело кое не учи никогаш за ништо да не се споредуваме со другите ако сакаме да бидеме среќни!
Синоќа беше отворена и ретроспективна изложба на ликовниот уметник Осман Демиери од Гостивар, кој се претстави со 25 уметнички фотографии од неговите последни 4 циклуси.