МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДЕНОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО КАВАДАРЦИ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН НА ТРАДИЦИОНАЛНА СВЕЧЕНОСТ

Здружението на пензионери на Кавадарци денеска го одбележа Денот на пензионерите на Македонија 20-ти Септември. Централен беше настанот кој со пригодна програма од културно уметнички карактер се одржа во Големата сала на Домот на Културата.

Во присуство на голем број граѓани, пензионери, претседателот на Советот на Општина Кавадарци Горица Пеливанова Вилхелм, кратко обраќање имаше претседетлот на Извршниот одбор на ЗП Кавадарци-Ристо Анѓушев.Тој во ова прилика го најави скорото започнување со градба на новиот Пензионерки дом ВО Кавадарци, при што подвлече дека е пронајден и стратешкиот партнер од Турција кој ке го гради Домот.Овој објект, рече, е неопходен за сите пензионери и истиот се надева дека ке биде изграден според планот.

-Фактот што околу 7000 пензионери од Кавадарци се членови на нашето здружение доволно говори за големината и капацитетот на ова организација која преставува значаен фактор во Општината, рече Анѓушев.

Во културно забавниот дел од програмата настапи КУД,,Лоза,, кое работи во состав на Здружението на пензионери Кавадарци, со својата пеачка и новата играорна група со солистот Ангел Тотов и одличниот оркестар составен од докажани професионалци .Покрај нашите настапија и гости пензионерите аматери членови на пеачката група од Кочани со кои се соработува подолго време. Беа прогласени и трите најдобри поетски творби по распишаниот конкурс за најдобра песна.Прва беше прогласена песна на ликовниот уметник и писател Петар Наневски.

Убава вечер исполнета со игра и песна а убаво беше да се видат нашите највозрасни граѓани како со насмевка и ракоплескање пееја заедно со исполнувачите на бината.Пензионерите покажаа дека можат да организираат содржајна програма која може да го држи вниманието.

М.Димитров