Универзитетот во Штип според најновото рангирање на Шангајскиот универзитет е второрангиран во државата .Тој годинава одбележува 10 години од постоењето
Преку директна комуникација со средношколците од завршните години, како и сите останати заинтересирани за студирање во Кавадарци беа претсавени условите за студирање и за учествување во сите активности што ги нудат центрите на Универзитетот.
Преку разговор со наставниот кадар и со актуелните студенти на УГД, кавадарчани и не само тие, се запознаа со студиските програми, условите за студирање, организационата структура на Универзитетот, кампусите, можностите за вклучување во истражувачки, студентски, спортски активности, за учество во програмите за студентска размена и посета на познати светски универзитети, како и запознавање со можностите на електронскиот индекс и добивањето на стипендии.
(изјави Проф.д-р Блажо Боев-ректор на Универзитет„Гоце Делчев“-Штип и Проф, д-р Кирил Барбареев)