МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Музички - театарски детски хит

Во Кавадарци, во културата се случи мјузикл.Детски ама мјузикл,нешто што ретко се гледа.И тоа убаво стокмена музичка вечер која ја овозможи екипата од различни изведувачи актери,музичари,балетани.

Се работи за детскиот мјузикл „Приказна за земјата Музикалија“ на авторот Силвана Чулева Атанасова-докажан музичар мајстор на флејта, професор по музика во Музичкот училиште докажана во серозната музика и изведбата на популарн и дела .Во салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, атмосвера како што ретко се гледа.Внимателно се следат песните и игрите направени токму за Музикалија која компелтно ја адаптира и режира актерот Александар Малинков. Кореографијата на музиклот е на Билјана Грозданова.

Претставата е во продукција на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.

-Станува збор за проект наменет за детска публика. Играат актери од кавадаречката гимназија, како и балерини од Основното музичко училиште од Кавадарци појасни за медиумите Aлксандар Малинков, кој најави дека претставата ќе можат да ја видат учениците од неколку кавадаречки училишта, но и од други градови во државата.

Малинков нагласи дека преку претставата се упатуваат пораки за мир, слога и љубов, како и пораки за ширење на позитивна енергија.

Младите аматери актери-добро се снајдоа на сцената, а раскажувањето на приказната за кралството или земјата Музикалија кое се одвиваше на сцената ја воведуваше публиката во суштината на играта која беше едноставна и ја правеше речиси вистинска.

По премиерата ова претстава ке ја видат учениците во Основните училишта во Општината.