МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од новиот кружен тек до раскрсницата на заобиколницата комплетно се асфалтира и уредува овој најфрекфентеен дел на градот

Kонечно Кавадарци добива влез каков доликува за град со интензивен соообраќај .Се работи за потегот кон најголемата индустриска зона каде се вработени околу 10 илјади луге. Како што и е познато на јавноста Кавадречката локална самоуправа 2015 година ги започна постапките за решавање на имотно правните проблеми а потоа и самата изградба и пробивање на делницата во должина од 440 метри.Реконструкцијата се однесува на улицата „Западен Булевар“ од новиот кружен тек кај основното училиште „Гоце Делчев“ до раскрсницата на заобиколницата -Кавадарци, односно со „Северен Булевар“.Од двете страни на улицата изградени се нови тротоари.Ова инвестиција е во рамките на програмата за комунална изградба .По асфалтирањето кое го изведува „Ми Комерц„-Кавадарци ке следува хортикултурно уредување, поставувување на канделабри за улично осветлување и други инфраструктурни објекти.Финасиски овој потег чини околу 20 милиони денари.