Во СС Јасмин во неделата се одржа Меморијален кошаркарски турнир за ветерани „Ордан Тотов“ .
Турнирот беше посветен на кавадаречкиот виртуз и голем играч ,другар и пријател на многу генерации кошаркари Данчо Тотов,кој прерано почина.Неговиот син Пане Тотов, и неколку иницијатори поранешни кошаркари меѓу кои Клинчаров, Наумчев,Каровски, Атанасов и други решија лани да стартуваат со турнир посветен на Тотов.Минатата година беа две екипи а годинава уште две-вкупно 4 што ја направи атмосферата одлична. Ветераните на македонската кошарка другаруваа викендов но и се натпреваруваа во чест на нашиот Орданчо.Освен домакинот Тиквеш присутни беа екипи на Борец од Велес , Пелистер од Битола и екипата на Струмица.
Резултатите се следниве:Пелистер - Борец 57-36 , Струмица - Тиквеш : 27-24. Сe одржа и натпреварување во фрлање тројки . Битолчани победија :Здравевски- 9 погодени од 10 обиди,Талески погоди 6 од 10 обиди. Инаку во финалето Пелистер ја победи Струмица со резултат 34-26. Одлична организација.Честитки за сите учесници.