Сите млади до триесет години кои ќе основаат фирми во Кавадарци, ќе бидат ослободени од плаќање на комунална такса за фирмарина.
Ова одредба ке важи во првите три години од формирањето на фирмата. Ваква одлука денеска едногласно донесе Советот на општина Кавадарци, на предлог на советникот Горан Белевски.
-Целта е да се стимулираат младите да формираат сопствени фирми, да се самовработуваат, но и да реализираат и нови вработувања, во интерес на сите, нагласи меѓу другото Белевски, образложувајќи го својот предлог.
Одлуката ќе стапи во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен гласник на Општина Кавадарци.
На денешната 58 по ред седница на Советот, советниците одлучуваа и се изјазнија позитивно и по неколку други материјали меѓу кои: Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2017 година,Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за Развој на Општина Кавадарци за 2017 година ,Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на нова урбанистичко планска документација за објекти надвор од планскиот опфат.
На седницата на дневен ред зелено светло доби Предлог-Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година (Здружение Градски Ракометен клуб,,Тиквеш 2014,,) ,а беа разрешени и именувани претставници на Општина Кавадарци во Училишниот одбор на СОУ Гимназија,,Добри Даскалов,, Кавадарци во СОУ ,,Киро Спанџов-Брко,, Кавадарци,во Училишниот одбор на СОЗШУ ,,Ѓорче Петров ,, Кавадарци.
На седницата советниците ја донесоа и Одлуката за донација на средства на Синдикална организација на ЈП,,Комуналец,, Кавадарци донесена од Управниот Одбор .
На продолжение на 58 ма седница Советот дополнително ќе ја разгледува одлуката за давање на согласност на годишниот план за вработување во општината за 2017 година.
Инаку по процедуралана забелешка од опозицијата, дека немаат доволно информации, на продолжение , дополнително ќе биде разгледувана и ќе се одлучува по одлуката за овластување за потпишување на договор за јавно приватно партнерство за услуги на паркирање во општина Кавадарци.