Денеска на брегот на Тиквешкото Езеро се изврши традиционалното групно крштевање.
И годинава овој свет чин се одржа со благослов на неговото високо правосвештенство митрополитот Повардарски- Господин Агатангел,-Оние кои денеска беа дел од групната крштевка ја примија верата Христова и станаа членови на светата Христова црква, за да можат понатаму да учествуваат во сите останати свети тајни. Бидејќи светата тајна “Крштение” е прва и основна тајна која што се прима, за да можеш да влезеш во членството на светата Христова црква и да ги примаш и останатите свети тајни како што се тајна “Причест”, светата тајна “Венчание”, сите други свети тајни, рече отец Трајче Грозданов, кој го изврши светото крштевањеТој рече дека годинава пет лица се пријавиле за групно крштевање. Сите кои ја примија верата Христова, ќе дојдат во црквата на четириесетиот ден да ги запалат свеќите и да се причестат со телото и крвта Христови.