МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фотографoт Чачко

Го познавате ли овој човек.Тој е фотограф кој ја одбележа втората половина од минатиот век во Кавадарци.Ги снимаше сите позначајни манифестации,собири,свадби, селски домашни слави,правеше фотоси за граѓани по желба.Неговиот дуќан се наоѓаше на улицата „7 Септември спроти сегашна „Стопанска банка –Битола“.За него важеше поговорката „ Ако не се бендисуваш сликата ке ја дадам на друг“ .Инаку Чачко беше атракција на Тиквешкиот гроздобер .Тој беше и експрес-фотограф затоа што фотографијата ги изработуваше брзо (со старите докажани методи кои ретко кој ги работеше) . Ристо Чачков-Чачко на ова фотографија е прикажан со својот троножен фото апарат во акција на Тиквешкиот гроздобер во 1971 година.

Од фототеката на Музеј-галерија.