МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Прес-соопштение на Министрот за земјоделие Љупчо Николовски , по престојот во Кавадарци на 9 септември.

„Денеска сум тука во Кавадарци, во најголемиот лозарски град, заедно со производителите на грозје и на вино да ја одбележиме традиционалната манифестација во чест на грозјето и виното- Тиквешки гроздобер.

Kако ресорно министерство заедно со сите надлежни институции, внимателно го следиме откупот на грозјето.Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство заклучно со 5-ти овој месец, откупени се околу 16 милиони килограми грозје, од кои најголемиот дел се од сортите вранец и смедеревка.

Би сакал да им порачам на лозарите дека грозјето од годинешната реколта ќе биде целосно откупено од винарскитевизби, а исплатата за откупеното грозје ќе се реализира според законските одредби. Државниот инспекторат за земјоделство ги зајакна контролите на откупните пунктови на грозје, се со цел да нема манипулации со откупните цени.

Годинава поради лошите временски услови односно измрзнувањето на лозјата,се очекуваат намалени количини на произведено и откупено грозје.

Свесни сме за лошата состојба во лозарството и винарството поради климатските промени кои значително влијаат врз родот, но и за битката на винарските визби во освојувањето на пазарите со конкурентни цени и висок квалитет.Како Влада,сериозно и посветено ја следиме состојбата на терен и навремено ќе делуваме.

Подеднакво сме насочени во подобрување на состојбите во лозарството и винарството бидејќи тоа се два сегменти кои неможеме да ги гледаме одвоено.

Уште во првите 100 дена од нашата работа, со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017 година, ги зголемивме субвенциите за одржување на лозови насади за 10 отсто по хектар и субвенцијата сега изнесува 44.000 денари по хектар. За овие зголемени субвенции лозарите можат да конкурираат до 15-ти септември.

Досега за одржување на површини со лозови насади по Програмата за 2016 година исплативме 532 милиони денари (8,7 милиони евра). А за вкупно 13 винарски визби по основ на откупено грозје исплативме субвенции во износ од 39,8 милиони денари (650.000 евра).

Исто така, интензивно работиме на забрзување на процесот за исплата на обештетувањата од временските непогоди што се случија лани и годинава.

Почитувани, Кавадарциможе да се пофали дека е најголем производител на грозје и на вино во земјава, каде што производството на грозје и вино има длабоки корени и богата традиција. Околу 5.000 семејства егзистираат од оваа гранка.Ова е доволно за нас како Влада да работиме на среднорочни и долгорочни стратегии за развојот на лозарството, кои ќе овозможат зголемување на површините, приносот и квалитетот, што крајно ќе значи поголеми приходи за сите семејства кои се занимаваат со оваа земјоделска гранка во овој регион.

Производството на грозје и вино учествува со околу 17-20% во бруто домашниот производ, а виното е вториот најизвезуван производ по тутунот. Еден од приоритети на Влада е да го стимулираме развојот на извозно оринтираните гранки, а тоа ќе го постигнеме преку спроведување на системски мерки„, стои во соопштението на Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.