Лозарите ке добијат дополнителни субвенции за предадено грозје во домашни винарии
Ова го најави министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој го посети Кавадарци деновиве.Николовски рече дека со мерката ќе бидат опфатени сите земјоделски стопанства кои до 15 септември ќе пријават површини за субвенции за лозја и кои произведеното грозје ќе го продадат во домашните регистрирани винарски визби.Инаку заклучно со 5-ти овој месец откупени се околу 16 милиони килограми грозје од кои најголемиот дел се од сортите вранец и смедеревка.