Денеска на 76 годишнината од почетокот на народноослободителната борба во Македонија се потсетуваме на жртвата на нашите предци за слобода во нашата татковина.

Денес сме поклонети пред минатото и одговорни пред иднината! Никогаш да не ги заборавиме вредностите на слобода, еднаквост и заедништво. Македонија е наша заедничка татковина, каде сите сме еднакви граѓани и сите ги поседуваме истите права.

Нека ни е честит денешниот празник. 11 октомври е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

За многу години Македонци!