-Полицијата на својот службен билтен го објави исчезнувањето на НГ( 60) кој од вчера не се вратил дома
Н. Г. (60) од Кавадарци, вчера заминал по леб, и повеќе не се вратил дома. Неговото семејство веќе втор ден го бара исчезнатиот маж, и апелира до сите кои имаат било каква информација, да ги контактираат.
,,Вујко ми е семеен човек, има сопруга и две деца. Вчера, во околу 8:30 наутро, отишол да купи леб. Не се вратил дома, нема мобилен со него. Носел околу 700 до 800 денари. Ја информиравме и полицијата, баравме околу реки, ниви… Како да пропаднал во земја. Инаку, тој е вработен во ,,Фени’’ досега не се случило да замине без да каже каде оди. Целото семејство е потресено’’ – ни изјави неговата внука.
Таа додава дека тој е висок околу 170 сантиметри, носи наочари за вид, бела капа, кафеаво палто, фармерки и сини патики. Сите кои го забележале или имаат било каква информација, можат да се јават во полиција или пак кај семејството, на телефонскиот број 075 635 677.
(преземено од ФОКУС)