Пред конференција на Бетиане Китев ,кандидат за градоначалник на Кавадарци на СДСМ
Интрегрален текст:
„Почитувани сограѓани, Кавадарци има огромен економски потенцијал за раст и развој. Но, за тој развој потребна е голема подршка и од централната власт. Моментално само околу 20% од буџетот на општина Кавадарци е наменет за капитални инвестиции. Останатите 80% се трошат или за плати и надоместоци, или за социјални трансфери, или за стоки и услуги.Средствата кои се наменети за капитални проекти се недоволни за развојот на Кавадарци.Токму во овој дел е клучна улогата на централната власт која со капитални дотации и трансфери директно го помага реализирањето на сите тие капитални инвестиции. Сепак, за тоа дали одредена општина ќе добие поголеми средства за капитални инвестиции, од пракса, во многу зависи од блискоста на градоначалникот со премиерот и Владата и колку тој градоначалник ќе излобира средства за општината.Друг можен извор на финансиски средства за реализација на капиталните проекти се фондовите од меѓународните институции и пред се ЕУ фондовите.Но и во овој дел, многу е важна соработката со Владата, која со својот технички и човечки капацитет може да помогне во подготовката на тие проекти.Сама општината, без подршка од Владата или од фондовите од Европската Унија, каде пак е важна подршката од Владата, нема да може целосно да ги реализира капиталните проекти кои се неопходни за нашата општина.Јас сум сигурен дека мојата лична блиска релација и со премиерот Заев и со сите министри од Владата, ќе помогнат многу Кавадарци да добие финансиска помош од Владата за сите капитални проекти. И за гасификацијата, и за градинката, и за затворениот пазар, и за колекторскиот систем, и за реконструкцијата на улиците и булеварите, но и за сите останати поскапи проекти, кои општината сама не може да ги покрие од сопствениот буџет.Почитувани сограѓани, искрено ви подавам рака и ве повикувам да ја избереме страната која значи развој на Кавадарци. Да ја избереме победничката страна! Страната на животот и промените!“ се вели во обраќањето на Бетиане Китев/кандидат за градоначалник на Кавадарци на СДСМ.