МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов претпладнево се сретнаа со работниците на Фени, кои протестираа пред филијалите на Стопанска и Комерцијална банка.

Како во изборната кампањата и сега кога практично започна протестот на работениет во Фени Индустри, поради почетокот на стечајот,градоначалникот Митко Јанчев изразува подршка за повторно рестартирање-односно продолжување со работа на Фени Индустри. Тој денеска претпладне заедно со пратеникот Панчо Минов ги посети вработените кои протестираа пред Филијалите на Комерцијална и Стопанска банка .

00010101000000.jpg.jpg

Јанчев рече дека е запознат со состојните во комбинатот, печката се одржува од страна на Владата со сите репроматеријали (мазут и електрична енергија и сл.) со цел да не згасне што укажува на фактот дека во интерес на државата е интерес на сите е Комбинатот поворно да произведува феро никел.Владата бара сигурен инвеститор со цел Фени да работи нормално , а со оглед на растот на светската берза на никелот ,тоа е добар момент.Што се однесува за вработените Владата треба да има слух вработените да не ги отпушти од работа –рече Јанчев.За тоа потврди и пратеникот Панчо Минов кој од правен аспект зборуваше за статусот на работниците.