МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Aкцијата „За чисто и убаво Кавадарци„ се одвива на повеќе десетици локации каде е констатирано загрозување на животната околина.Досега се исчистени над 150 м3 земја и смет

Oд вчера, во Кавадарци и населени места во Општината , започна голема акција за чистење на животната околина. Општинарите од проектот „Мој општинар“ заедно со работници ЈП Комуналец и неколку приватни фирми од Кавадарци се вклучија во акцијата на градоначалникот и Локалната самоправа - “За чисто и убаво Кавадарци“. Во овој перод до сабота се чистат сите помали и поголеми диви депонии. Неколку фирми помагаат во реализирање на оваа акција и ги ставаат во функција своите машини за доброто на Општина Кавадарци. Се работи за фирмите :АНЕЛМАК, АС МАШИНИ, ЈА-МИ, ВСГД и ТРАСЕР кои учествуваат со камиони, скипери, багери заедно со ЈП Комуналец.

Вчера се работеше на 3 локации. Првата локација е улица “Праведничка“ и Коњските дупки, втората локација е улица „Клинска“ и улица „Калница“ и третата локација е улица „Смилица“.Денеска вработените и механизацијата се наоѓа во Ваташа во близина на вториот мост,кај населбата Белка,потоа Спојот на „Смилица“ и „Шишка“, и Кавадречки дол.Според груби пресметки на одговорните за ова акција са неполни два дена камионите на споменатите компании депонираа над 150 м3 земја смет,ѓубре и други отпадоци , а комуналци повеке камиони отпадни гранки и различен отпад од дрвореди, и други запуштени зеленила.