МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МЕРМЕРНАTA АНТИЧКА ПЛОЧА E ПРОНАЈДЕНА КАЈ СЕЛО РАЕЦ .

Дека на овие простори и во далечното античко минато се одгледувале лозја и се правело вино зборуваат артефактите кои секој ден излегуваат на виделина.На 2,5 километри северозападно од селото Раец на десната страна од патниот правец Градско-Прилеп,каде што се изведуваат градежни работи на новиот експресен пат,кај месноста викана“Гробишта“ на само 50-тина метри од лозјето на Зоран Цветков од негова страна е откриена античка надгробна стела.Плочата е изработена од бел мермер со димензии 100 х 46 см. и дебелина од 2 см.и е тешка околу стотина килограми.На врвот од плочата има исклесано шишарка која според симболиката освен декоративно има и симболично значење.

-Плочата ја симболизира бесмртноста и долговечноста и како таква има големо значење во култот кон мртвите.Таа исто така претставува и еден од атрибутите на богот на виното, веселбата и плодноста Дионис, кој на тирсот (жезолот) има борова шишарка. Во втората зона има исклесано грозд а лево и десно од него две птици кои го симболизираат душевнио мир. Под нив има фигури на шест лица.Плочата има големо значење бидејќи присуството на гроздот е уште еден доказ за континуитетот на грозјето и виното во овој крај уште од античкиот период.Во непосредна близина на овој артефакт е локалитетот Еударист каде што откривме остатоци на антички храм посветен на богот Дионис како и две камени корита за гмечење на грозјето, вели Петре Камчевски-кустос историчар и директор на Градскиот музеј во Кавадарци.

Плочата инаку ја презедоа вработените во Музеј-галеријата :Петре Камчевски и археолозите Раде Атанасов и Трајче Цветков и е пренесена во лапидариумот на Музеј-галеријата Кавадарци каде во понатамошниот период ќе следи нејзина обработка и временско детерминирање.