Не само со материјални средства и пари кавадарчани и лично, со свој директен ангажман, изминатите неколку дена се вклучија во помошта за жителите од скопските села кои беа погодени од големата поплава. Како што дознаваме од секретарот на Општина Кавадарци, Кире Делов , кои ги координита активности поврзани со вклучувањето на Општинава во санирањето на последиците од катастрофата во Скопско , досега во овој регион над 100-тина граѓани директно учествуваат со физичка работа во поплавените подрачја. Конкретно преку ЈП„Комуналец„ овде престојуваат 20-сетина работници со специјална машина за отпушување од кал т.н „вакумерка“.Од Водостопанство „Тиквеш“ овде се присутни 10-15 луге, од „Македонски “-одружница „Бор“ Кавадарци над 15.Освен нив за скопските села заминаа и над 30 граѓани –доброволци кои секојдневно им помагаат на граѓаните од Стајковци и другите села погодени од поплавата. Покрај ова во Кавадарци собрана е голема материјална помош во вода, храна, средства за хигиена и други стоки од неколку компании и установи нои и донации од граѓани, а паричните средства собрани на пунтот на Градскиот плоштад се уплатени на солидарната сметка за помош на загрозаение подрачја. На следната седница на Советот на Општината се очекува највисокото законодавно тело и Општината и градоначалникот да се вклучат со соодветна парична помош за загрозените подрачја од поплавите кои ја зафатија Македонија на почетокот на август годинава.