МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 10 февруари во Кавадарци во Гимназијата „Добри Даскалов„ се одржа Општинскиот натпревар по географија во проиширен состав.

Се работи за опфат на ученици од основните и средни училишта од овој регион за општините ; Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман.Учествуваа 50 ученици со свои ментори при што во определено време од 90 минути оние кои освоија над 85 бода се стекнаа со право да учествуваат на Регионалниот натпревар по географија кој ке се одрж на 17-ти март во кавадречката гимназија.

Освојувачите пак на првите три места на овој натпревар ке учествуваат на Републичкиот натпревар кој ке се одржи на

Природно математичкиоит факултет во Скопје.

Инаку според Фердинанд Чејков-професорот по географија во Гимназијата- кој учествуваше во непосредната организација на Општинскиoт натпревар во Кавадарци покажано е одлично знаење од страна на учениците по проблематиката која се изучувува во основните и средните училишта.Третман на тестирање беше материјалот за Република Македонија за :рељев,хидрографија,планини,низини-котлини,реки, граница на РМ со соседните земји и друго.