Единствено Општина Кавадарци не е изненадена од временските услови и од невремето во Република Македонија.
„Во текот на вечерта(недела) низ градското подрачје интензивно се чистеа улиците со 3 унимок возила и се посипуваше со чиста сол без ризла за поголем ефект. Вчера од раните утрински часови повторно се чистеа сите главни булевари и главни улици во градското подрачје. Чисти се улиците и кон Марена, Глишиќ и с.Сопот.
Исчистени се патиштата кон кавадаречките села Ресава, Бегниште Возарци, Шивец ,Раец ,Дреново а во текот на вчерашниот ден се чистеа делниците до сите останати села.
До сега се потрошена 15 тони сол. Состојбата на улиците во Кавадарци воопшто не е отежната и сообраќајот функционира непрекинато.“ е наведено во соопштението од Кабинетит на Градоначалникот Митко Јанчев од каде најавуваат спремност на службите за справување со нови количини снег.